Спиење со чорапи или без – кој начин е подобар

ИЗВОРНов Лист
|

За ова прашање се дебатира со години, а на интернет ќе најдете најразлични одговори што ја поддржуваат или негираат „тезата“.

Постојат дури и теории дека спиењето со чорапи, односно без нив, е одраз на вашиот карактер. Така, ако спиете без чорапи тоа значи дека сте заштитнички настроени во односите со другите, додека ако спиете со чорапи сакате да се чувствувате заштитени.

Како да дојдеме до вистината?

За среќа, истото прашање ги заинтригира и научниците, па беа спроведени повеќе истражувања на темата дали да се спие со чорапи или без нив.

Традиционалната кинеска медицина веќе откри дека за добра циркулација поволно е стапалата да ви се топли.

Едно најново истражување покажа дека луѓето кои спијат со чорапи заспиваат во просек 15 минути пред луѓето кои спијат без чорапи, а исто така спијат помирно и подлабоко и имаат помалку непроспани ноќи.