СПЛОТИ СЕ МАКЕДОНИЈО: Да му помогнеме на Мартин (22) повторно да застане на нозе

ИЗВОРСкопје24
|

Животот често знае да биде многу суров и без објаснување да одземе нечие право на среќа, нечија слобода, надеж и иднина.

Така е и со Мартин Стојаноски од Струга, кој јуначки се бори да издржи тешка борба со реалноста и кој има огромна желба повторно да заигра фудбал за тимот на ФК Лабуништа, кој пак, издејствува саботниот натпревар со ФК Пелистер да биде од хуманитарен карактер, и паричните средства од влезниците да легнат на сметката на Мартин.

Имено, Мартин треба да замине на лекување во Русија, откако претходно екстремитетите му беа повредени во стравична сообраќајна несреќа.

Тој сака да замине во Русија, а сигурни сме дека Вие заедно со нас посакувате од таму да ни донесе убави вести. На нас е да му помогнеме.

Телефонскиот број за Донации за корисниците на Телеком е 143 107

Жиро сметката на Мартин е: 210700000649551, отворена е во Тутунска банка
ОД СРЦЕ ЗА МАРТИН!