Спокоен ден за овните, шкорпиите ги очекува важен повик – Дневен Хороскоп (03.11.2021)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Ве очекува еден спокоен ден. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и приватни обврски без притоа никој да ви се меша. Може да не напреднете многу, но сепак ќе постигнете внатрешен мир.

Бик (21.04 – 21.05)

Во деловната околина ќе бидете пофалени за постигнатите резултати. Вашата врска денес едноставно блеска, а тоа се должи на вашето прекрасно расположение. Поминете го овој ден со партнерот и радувајте се на прекрасните моменти.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не преценувајте ги можностите. Еден погрешен чекор и можете да се вратите на почеток на важни проекти и задачи. Воздржете се од прикажување на премногу емоции, бидејќи едвај некој ќе се заинтересира за вашите чувства. Може да ве игнорираат и да се почувствувате уште полошо.

Рак (22.06 – 22.07)

Избегнувајте дополнителни или чувствителни разговори. Пожелно е да ги намалите деловните контакти и да си ги разјасните сопствените планови. Премногу сте расеани, работата страда, но страдаат и старите пријателства, за кои многу ќе жалите.

Лав (23.07 – 22.08)

Речиси во текот на целиот ден ќе треба да се занимавате со решавање на домашни или семејни проблеми. Конфликтите ќе бидат помеѓу вашите најблиски па сакале или не, и вие ќе бидете вклучени во нив. Тешко дека ќе остане смирени, барем обидете се да ги средите работите.

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе имате можност да ги импресионирате своите соговорници со некаков свој личен талент, но ситуацијата ќе биде двонасочна. Од една страна, може да се покаже како нешто привремено и наскоро да предизвика разочарување кај луѓето кои ве подржуваат.

Вага (23.09 – 22.10)

Енергетското ниво ви е стабилно, но вие сте неразумни, непредвидливи и не сте склони на анализирање на логиката на настаните. Вашата самодоверба моментално се граничи со суетата и поради тоа можете да претрпите финансиска загуба.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денеска очекувајте повик од некој пријател кој ќе има потреба од вас. Искористете го талентот на добар советувач и кажете му некој совет со кој ќе може да го реши проблемот. Потрудете се да имате поквалитетен сон.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Овој ден ќе го поминете во голема напнатост, а тоа значи дека ќе имате одредени проблеми со луѓето. Ако сте во брак или долга врска, постои опасност да почуствувате монотонија во заедничкиот живот, па излез можете да побарате во работата и излегување со пријателите.

Јарец (22.12 – 20.01)

Обврските мораат да бидат извршени, без разлика дали тоа вам ви се допаѓа или не, така што, подобор ќе биде да почнете уште веднаш со работа. Моментално, здравјето е добро. Не им замерувајте на оние кои избрзуваат со одлуките.

Водолија (21.01 – 19.02)

Овој ден премногу брзо ќе се одлучите за нешто во што ни самите не сте уверени. Можеби ќе ви успее, но вашите можности се повеќе отколку минимални. Во прв план сепак ќе ви бидат комуникативноста, подвижноста, интелектот и образованието. Ќе имате многу контакти со соседите или роднините.

Риби (20.02 – 20.03)

Зарем има нешто подобро од релаксирачкото кафе со пријателите? Не мислете се многу, закажете средба и забавувајте се во нивното присуство. Можна е мала караница со партнерот, но со добар разговор се може да се реши.