Според кинескиот хороскоп почетокот на 2022 година носи неверојатна среќа за овие три знаци

|

Во јануари ѕвездите ќе покажат голема наклонетост кон одредени хороскопски знаци. Иако некои планети се во ретроградно движење, првиот месец од годината ќе биде свечен и необичен.

Близнаци

Во првиот месец од новата година Близнаците ќе блеснат со прекрасна енергија, која ќе биде магична од првиот до последниот ден и ќе се чувствуваат како животот да им е бајка. Големи се шансите да им се оствари големата желба за која полека почнуваат да губат надеж дека некогаш ќе се оствари.

Според лунарниот кинески календар, 2022 година е година на водниот тигар, па на почетокот на годината Близнаците амбициозно ќе тргнат кон остварување на своите цели. Чуда се случуваат, а овој знак треба да биде подготвен за многу изненадувања.

Стрелец

Стрелците ќе бидат многу среќни бидејќи љубовните желби ќе им се остварат. Оние кои долго време сонувале да запознаат сродна душа, на почетокот на новата година ќе запознаат некој посебен. Стрелците кои веќе пронашле партнер, во јануари ќе размислуваат за следниот чекор – заеднички живот или брак.

Ако веќе познаваат некој посебен, јануари ќе биде вистинско време да соберат храброст и да го направат првиот чекор.

Водолија

Водолиите во јануари ќе вложат многу труд во исполнувањето на неговите желби. Тоа ќе биде најсреќниот месец во новата година за нив, на сите полиња во животот – во финансиите, љубовта и здравјето.

Ќе бидат полни со енергија и самодоверба и конечно ќе одлучат да ризикуваат за да го постигнат она што го сакаат. Интуицијата ќе ги води да донесат правилна одлука.