Според подарокот за роденден, Душко навистина ѝ прости на Јелена

ИЗВОРСкопје24
|

Српската пејачка Јелена Карлеуша денеска полни 41 година, а според српските медиуми нејзиниот сопруг има доста скап подарок за неа.

Јелена последната година помина низ многу турбуленции со откривањето на аферата со Огњен Врањеш во јавноста, но нејзиниот сопруг очигледно ѝ прости.

“Душко долго размислуваше што да ѝ купи на Јелена за роденден. Сакаше тоа да биде досега најгламурозниот подарок и се реши за јахта. Знае дека летото е најомилениот период на Јелена, дека таа обожава море, па така и сфати дека тоа би бил најдобриот подарок. Плус како семејство ќе може да крстарат каде сакаат. Но, голем удел во изборот имале и неговите две ќерки Атина и Ника, кои од мали се научени на многу патувања поради честите промени на клубовите на Душко, а во последно време во еден разговор му кажале дека би сакале почесто да одат на крстарења заедно. Сето тоа пресудило Душко да ѝ купи јахта на Јелена, објавил за српските медиуми извор близок до семејството на српскиот репрезентативец”.