Дубровничкиот ресторан Наутика, Си-ен-ен го сместија меѓу 26-те најубави ресторани во светот кои имаат поглед на море.
„Овој ресторан е сместен на западниот влез во дубровничкиот Стар град, преполн е со историја. Некогаш како Дубровничко училиште за морепловство бил домаќин на познати морепловци уште од 1880-та година. На менито може да најдете домашни специјалитети како јастог од далматинскиот остров Виса, но романтичниот поглед е тоа што привлекува најмногу туристи од целиот свет. Од едната страна Јадранското море, а од другата страна драматичната тврдина Ловријенац и Бокар се издигнуваат од водата“ – вака го опишале Си-ен-ен ресторанот Наутика.