Спорт и дружење со Специјалната олимпијада на Македонија

ИЗВОРОпштина Карпош
|

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев учествуваше на спортски настан заедно со атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија, а во организација на Младински сојуз – Крушево.
Во спортскиот центар Борис Трајковски, во Карпош, учесниците се натпреваруваа во пинг – понг и бадминтон, а примарната цел е да се оствари поголема вклученост на лицата со попреченост во општеството и локалната заедница.   Спортскиот настан е дел од проектот „Спорт за општествена акција“, поддржан од Еразмус+ програмата.   – Бадминтонот не ми е силна страна. Се одлучив да играм пинг – понг и ова саботно попладне да го поминам со спортистите од Специјалната Олимпијада, но и со претставниците од младинските организации, со кои и јас и локалната самоуправа имаме добра и успешна соработка, рече Богоев.   Општина Карпош ќе продолжи да ги поддржува акциите кои овозможуваат поголема инклузија на лицата со посебни потреби.