Цените во Грција оваа година повисоки, па ако планирате одмор, спремете повеќе пари.
Во Олимпискиот регион половина литар домашно грчко пиво чини во просек околу 3,5 евра, а увозните до 4,75 евра.
На Халкидики, лежалките ќе ги добиете бесплатно, но со најмалку еден испиен пијалак, главно кафе кое чини 4 евра или пиво од 3 до 5 евра.
Поскапо место е Неа Мармарис каде кафе ќе ве чини 3 евра, а мало пиво дури 5 евра.
Што се однесува до водата, шишенце од половина литар чини 50 центи, а она од еден литар од 1,5 до 1,7 евра.
Цените во рестораните, исто така, се поскапи за 1,5 евро и споредба со податоците од 2017 година, па така за оброк во просечен ресторан ќе платите најмалку 8 евра.
Доколку со години веќе летувате во Црна Гора, Грција или Бугарија ова место е вистинско решение да посетите друга земја а да потрошите помалку пари.
Како што објави Фактор, се повеќе туристи ја посетуваат оваа дестинација, а оние го посетиле ова приморје меѓу себе го нарекуваат „Нова Бугарија“; бидејќи цените се приближно исти.
Пристпните цени на сместување и превоз се главен адум во раце на оние кои се одлучат да патуваат во Романија.
Мамаја и Констанца се подобри места од Будва сто пати. Мамаја има ичара, аква парк, и уште многу работи. Старите хотели се реновирани, а цените на храна и работи се слични како во Скопје-раскажуваат соговорници на Фактор.
Сместување кое може да си го резервирате уште додека сте во Скопје се движи од 6 евра за вечер во зависност од тоа колку ѕвезди има хотелот. Исто така, сместувањето во приватни куќи и станови се движи од 5 до 10 евра по ноќевање.
Па доколку ви здосадија соседните дестинации, еве шанса да си поминете интересно на дестинација која досега не ви доаѓаше на памет.