Србија од денеска ги укина сите мерки и ограничувања

|

Од полноќ во Србија престанаа да важат сите мерки и ограничувања воведени поради сосојбата со болеста, како за странските, така и за домашните државјани.

Тие повеќе нема да мора да приложат негативен ПЦР тест, брз антиген тест, доказ за минато боледување или потврда за имунизација, без разлика од која земја доаѓаат.

Одлуката за слободен влез на српски и странски државјани во земјата е донесена врз основа на моменталната епиде*иолошка состојба во Србија и е во согласност со одлуките на повеќето земји во Европа и регионот. Надлежните институции од час во час продолжуваат да го следат развојот на епиде*иолошката состојба во Србија и навремено ќе ја информираат јавноста.

Препораката за носење маски во затворен простор останува на сила, а носењето маски во здравствените установи е задолжително. Амбулантите пунктовите за тестирање и пунктовите за имунизација продолжуваат да работат вообичаено.