Најголемата радост на фолк пејачката Андријана Алачки, внуката Јана вчера славеше роденден. Гордата баба не можеше да издржи, а да не ја сподели оваа радост со своите пријатели на Фејсбук.
Сподели фотографии со преслатката Јана, покрај која напиша: „На сонцето сонце, на блесокот оган, на ѕвездата месечина, душата како свемирот… среќна да е… Среќен роденден Јана“.
Na sonceto, sonce, na blesokot ogan, na zvezdata mesecina, dushata kako svemirot….srekjna da e..Happy birthday Jana
Gepostet von Adrijana Alacki am Mittwoch, 19. Februar 2020
Инаку, Андријана е неразделна со својата внука и гледа секој слободен период во денот и неделата да го користи со неа, а пред одреден период за Женски магазин, Андријана откри дека би сакала да има уште внучиња, како и тоа дека нејзините деца се нејзина најголема награда.
„Децата се мои најважни животни Гран При награди. Се друго е минливо, само децата и внуците се трајни животни дела“ – своевремено, изјави гордата мајка и баба.