Денот на народното востание – 11 Октомври 2023 е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, овој празник е неработен ден согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07).
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита празникот.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ: 11 октомври (среда), Ден на народното востание, 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од католичка вероисповед: 1 ноември (среда), Празникот на сите светци, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука.
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ: 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.