Среде финалето на Евровизија водителот го прозва Милан „Само видете го“

ИЗВОРНов Лист
|

Минатиот викенд се одржа големото финале на 66. „Евровизија“, а во текот на преносот на многумина им беше интерен делот во кој водителот на фестивалот одвои време да зборува за најлошите модни комбинации, а меѓу нив се најде и претставникот на Србија, Милан Станковиќ.

– Еден учесник носеше традиционална козја круна, инспирирана од историјата на Пиринејскиот Полуостров! – саркастично рече водителот во еден дел од финалето, па се осврна на претставувањето на Милан Станковиќ на „Евровизија“ во далечната 2010 година.

– Ох почекајте! Погледнете го само ова… Сино болеро – топ, бели панталони, син појас, виолетово-црвени чизми и други детали, и легендарната („иконична“) боб фризура со сини шишки – додаде водителот во својот стил.

Погледнете го овој дел од финалето на 2:41 во видеото.