Среде Скопје одекна гласот на Цеца, Милица Павловиќ и раперот Тимати – Синот на Мијалков направи свадба за паметење

|

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ синоќа пееше на свадбата на синот на Сашo Мијалков, поранешниот шеф на македонската контраразузнавачка служба.

Постариот син на Сашо и Сандра, Јордан пред неколку дена се венчаше во манастирот „Јован Бигорски“ со неговата сопруга Анастасија, а вчеравечер направија забава во познат скопски хотел.

Цеца покрај своите хитови ја отпеа и песната „Македонско девојче“ која ги воодушеви гостите. На свадбата настапи и Тимати, најпознатиот руски рапер кој има 20 милиони следбеници на Инстаграм.

Српските медиуми наведуваат дека Мијалкови приредиле свадба за паметење. На свадбата се појавиле и други ѕвезди меѓу кои и Милица Павловиќ.