Овен (21.03 – 20.04)
Ве очекуваат различни проблеми во комуникацијата со деловниот партнер. Некој се труди да ве убеди во своите добри намери, но јасно ви е дека работите изгледаат поразлични од она што го слушате во вашата околина. Обидете се подобро да ја разберете емотивната слабост на блиското лице.
Бик (21.04 – 21.05)
Некој договор кој ве обврзува секој месец да инвестирате во нешто ви задава големи проблеми во семејството. Обидете се да го промените тоа, и откажете се од помошта која досега сте му ја давале на некој пријател. Закажете деловен состанок на кој ќе бидат потцртани клучните нешта на кои треба да се работи.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Овој ден нема да бидете во најдобра форма за работа. Не само што нема да ви се работи, туку и околностите нема да ве поттикнуваат. Недостатокот на мотивација ќе биде природна последица на ваквата ситуација. Главно ќе го одработувате зададеното, а повеќе ќе зборувате.
Рак (22.06 – 22.07)
Работите кои се случуваат се малку поголема промена во животот, но сепак тие нешта ве водат кон подобра ситуација, како од финансиски аспект, така и од приватен аспект. Дадете му ја вашата подршка на партнерот бидејќи тоа му е неопходно. Претстои период во кој финансиски ќе зајакнете.
Лав (23.07 – 22.08)
И покрај тоа што себе си се сметате за малерозна личност, денес денот ќе ви покаже дека тоа не е така. Може да добиете некои неочекувани пари или некој ќе ви предложи многу интересен и потенцијално успешен проект. Прифатете ги опциите кои се пред вас, денес не можете да погрешите.
Девица (23.08 – 22.09)
Дколку сте во можност одвоете ги своите мисли и работните обврски и посветете се на партнерот. Покрај тоа што од вас ќе го извлече најдоброто, што во моментот можете да го дадете ќе добиете нежност и љубов, а тоа ви е потребно повеќе одколку што мислите.
Вага (23.09 – 22.10)
Ова е доста весел ден за повеќето припадници на овој знак. Ќе бидете во прекрасна форма, доста од времето ќе поминете во друштво со вашите пријатели. Убав ден и за заљубените кои би можеле да доживеат совршена хармонија во односите со личноста која ја сакаат. Ќе имате изразена потреба за луѓето да ве сакаат, а тоа и ќе го доживеете.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ако сте осамени можете да очекувате ново пријателство со интересна личност. Денот е поволен за сите видови на работа. Планетите ве поддржуваат па можете да започнeте и некоја нова работа. Кондицијата ви е одлична, а финансисктата состојба без позначајни промени.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Бидете внимателни со повозрасните личности првенствено блиските и немојте да си дозволите да бидат навредени од ваша страна. Соработниците на работното место гласно ќе ја коментираат вашата работа, запрашајте се дали доволно се трудите околу решавањето на работните задачи.
Јарец (22.12 – 20.01)
Некаков проблем за кој сте мислеле дека е минато повторно ќе се појави, но вие овој пат нема многу да се ангажирате за неговото повторно решавање. Оставете им го на соработниците и колегите кои немаат толку обврски, а вие расчистувајте го бирото од натрупаните документи. Ова е неповолен ден за инвестирање, земање кредит и склучување на договори.
Водолија (21.01 – 19.02)
Се одморивте, ги наполнивте батериите и сега започнувате со нова енергија и сила при решавањето на секојдневните обврски. Некој здравствен проблем ве загрижува но вие немате на кого да му кажете. Доверете му се на семејството и побарајте поддршка. Постои можност за патување во странство, каде можно е да склучите повеќе деловни договори.
Риби (20.02 – 20.03)
Она што вам може да ви се случува во следните неколку дена се секако задоволствата од некакви ваши активности и напори на јавен план или успеси во работата, кои ќе ве направат задоволни, а притоа ќе имате и значајна финансиска поткрепа или приливи. Штедете пари, ќе ви бидат потребни за некој нов проект во кој ќе сакате да инвестирате.