Планетата на љубовта веќе влезе во знакот Лав – оваа седмица сите огнени знаци ќе уживаат во страствени мигови. Кутрите Водолии и Бикчиња ќе имаат љубовни маки…А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 29ти јули до 4ти август.
Овен – Најсакани во светот!
Конечно Венера се врати да ве заштити. Сите проблеми со партнерот сега волшебно ќе исчезнат и ќе уживате преубави романтични моменти. Седмицата ќе започне со три нервозни дена, но веќе од четврток ќе се чувствувате многу посилни и сигурни во себе. Викендот ќе бидете понесени од чувството дека сте најсакани во светот!
Бик – Тензии со партнерот
Драги Бикчиња, за жал планетата Венера не е повеќе со вас. Затоа, оваа седмица внимавајте на комуникацијата со саканите лица, зашто лесно може да избувне во кавга. Особено внимавајте во деновите четврток и петок, кога и Месечината ќе ви донесе нервоза и лошо расположение. На работа, треба да пристигнат супер вести – Меркур е со вас и ви носи преубави изненадувања во понеделник, вторник или среда.
Близнаци – Љубовте ви се насмевнува!
Неповолниот Меркур продолжува да ви создава пречки на работното место. Вашите проекти ќе стануваат се потешки за реализација, но не откажувајте се, на крајот победата ќе биде ваша! На полето на чувствата може да сметате на убавата Венера која ви гарантира среќа во љубовта, а особено среќни се деновите четврток и петок кога ќе ве поддржи и една прекрасна Месечина.
Рак – Месечина во знакот
Вашата седмица ќе започне одлично, со три дена на среќна Месечина – понеделник, вторник и среда. Таа ќе ви гарантира суперсреќа на емотивно поле. И Меркур е позитивен, па сигурно е дека оваа седмица ќе имате многу интересни средби и контакти. Пријатно изненадување ве очекува викендот, кој инаку е многу романтичен…
Лав – Да живее Венера!
Венера влезе во вашиот знак, ветувајќи ви – не само една седмица – туку цел месец на голема среќа во љубовта! Планетата на љубовта, всушност, ќе ви донесе огромни емоции, а за осамените Лавчиња нема да биде тешко да направат интересни средби и да започнат нови љубовни приказни. Четврток и петок ќе бидат два суперсреќни дена, благодарение на преубавата Месечина! Уживајте и славете ја љубовта!
Девица – Многу новости
Со Меркур во конјукција сигурно нема да ви недостига комуникација, дружење, но и успеси на деловен план. Подгответе се за седмица полна со пријатни изненадувања кои ќе пристигнуваат едно по друго! Најсреќни денови се сабота и недела, кога и Месечината ќе ви донесе преубави чувства и буквално ќе се чувствувате дека може да добиете се што ќе посакате! А и љубовта е зад аголот.
Вага – Се враќа спокојството
Поволната Венера конечно ќе ви донесе мир во семејните релации, особено во врската со партнерот. За вас, во последниот период не беше баш лесно да реализирате убава комуникација, но сега ситуацијата се менува во ваша полза. Викендот е особено погоден за романтика, па најдобро е да отпатувате некаде за празникот.
Шкорпија – Љубовни маки
Венера е неповолна за вас, и тоа, за жал, ќе ви донесе бројни љубовни макички. Обидете се да ги тргнете настрана негативните размислувања, а наместо тоа директно да позборувате со саканото лице. Но тоа најдобро е да го направите на крајот на седмицата, кога Месечината ќе биде на ваша страна. Избегнувајте ги четврток и петок кои ќе бидат многу нервозни денови и на емотивен план и на деловно поле.
Стрелец – Тука е Венера
Венера конечно се врати на ваша страна – ќе ви донесе љубов која ќе ви помогне да најдете спокојство во душата и разбирање со партнерот. Потешко ќе оди на работното место каде може да се соочите со пречки, а проектите да наидат на неодобрувања од претпоставените. Сметајте на среќните денови четврток и петок, кога прекрасната Месечина ќе ви донесе пријатни изненадувања. Сабота и недела пак, би можеле да бидат прилично нервозни.
Јарец – Обновување на енергијата
Добрата вест за вас е што Венера веќе нема да ви создава љубовни маки. Последниот период за вас беше тежок, што се однесува до чувствата…Но сега, пред вас е период на враќање на енергијата и подобрување на расположението. Секако, неделата нема да започне преубаво – понеделник, вторник и среда ќе бидат нервозни денови, но од четврток работите се менуваат на подобро. Во четврток може да очекувате и убава вест на работа, благодарение на аспектот на позитивниот Меркур.
Водолија – Венера во опозиција
Драги Водолии, за жал, Венера влезе во опозиција на вашиот знак, започнувајќи период на потешкотии кога станува збор за чувствата. И Марс е неповолен, што значи и дека ќе ви недостига енергија. Подобро искористете го следниот период во размислување дали сте навистина со вистинската личност. Внимавајте особено на многу нервозните денови – четврток и петок кога и Месечината ќе биде во опозиција.
Риби – Подобро почекајте…
Опозицијата на Меркур ќе ви креира блокади на работа. Ако е можно, во овој период е одлично да се релаксирате или да заминете на годишен одмор. Ова секако не е момент за лансирање на нови проекти или за промена на работа. Подобро почекајте до септември кога небото ќе ви гарантира големи успеси. Среќни денови во неделата се понеделник, вторник и среда со прекрасна Месечина во знакот, па тогаш, уживајте во љубовта.