Среќа во домот на Јоксимовиќ: Ќерката на Жељко сподели среќни вести (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Жељко Јоксимовиќ е најгордиот татко на светот, а причина за гордоста е неговата најстара ќерка Мина, која ја имал во брак со првата сопруга Весна.

Се чини дека до вчера беше преслатко девојче кое често го придружуваше пејачот на неговите концерти, но како преку ноќ се претвори во прекрасно девојче кое само го израдува својот татко со дипломата.

Имено, Мина дипломирала на Факултетот за музичка уметност, а убавата вест ја сподели со следбениците на Инстаграм:

Веднаш потоа почнаа да се слеваат честитки од бројни познати личности.

Сепак, оние кои секако најмногу ја израдуваа Мин беа честитките од членовите на семејството, меѓу кои и нејзиниот дедо, баба и вујко Саша.

Сите тие и честитаа со безброј срца и бакнежи и зборови колку се горди на неа.

– Премногу горд – напиша вујкото на Мина, актерот Саша Јоксимовиќ.

Иако се зборуваше дека Саша и Жељко со години не се во добри односи, очигледно е дека актерот на Мина гледа како на свое дете.

Со оглед на тоа дека и Мина ќе слави димпломирање, нема сомнеж дека прославата ќе го собере целото семејство.