Среќа во домот на режисерот – Квентин Тарантино и неговата 20 години помлада сопруга очекуваат уште едно дете

ИЗВОРНов Лист
|

Режисерот Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела го очекуваат своето второ дете, а веста доаѓа две години откако парот го доби синот Лео во февруари 2020 година.

Тарантино и 20-годишната Даниела се запознале во 2009 година, додека режисерот бил во Израел, каде го промовирал својот филм.

Двојката се вери во јуни 2017 година, а се венча во ноември 2018 година во Лос Анџелес. Тарантино и неговото семејство моментално живеат во Тел Авив, Израел, а Леа зборува и англиски и хебрејски.

Иако изгледа дека има среќа на приватен план, славниот режисер неодамна ги наполни страниците на весниците поради необичниот однос со мајка си. Имено, тој одбива да ја поддржи, а причина за тоа се коментарите кои таа му ги испратила на само 12 години.

Откако Квентин влезе во неволја, тој рече дека неговата мајка го задевала за тоа, а потоа среде нејзината мала саркастична игра, таа рекла: „О, патем, оваа мала кариера на писател со која се бавиш е сра*е.”

„Кога таа ми го кажа тоа на тој саркастичен начин, јас и возвратив. Во ред, госпоѓо, кога ќе станам успешен писател, никогаш нема да видите ни денар од мојот успех. За тебе нема да има дом. Затоа што вие го кажавте тоа“, рече тој неодамна, гостувајќи во една емисија.

Запрашан дали го исполнил својето ветување, Квентин призна: „Да. Јас и помогнав со даноците во даночната администрација. Но, нема Кадилак, нема куќа“.