Среќа во љубовта за биковите, можни промени за шкорпиите – Дневен Хороскоп (29.03.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

На деловен план се можни неколку помали бариери. Поминете ги и остварете ги зацртаните цели. Во љубовта некои ситуации нема да зависат од вас, па ќе мора да почекате на одлука од партнерот.

Бик (21.04 – 21.05)

Време е да се ослободите од заостанатите финансиски прашања. Се додека не го направите тоа, нема да ви тргне на подобро. Во љубовта конечно ќе ги увидите вредностите на саканото лице.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потпрете се на својот инстинкт и не дозволувајте некој да влијае на вашите одлуки. Во љубота придржувајте се на договорот кој сте го поставиле со саканото лице.

Рак (22.06 – 22.07)

Би сакале да бидете најдобри и секогаш да добивате пофалби. За тоа ќе треба малку повеќе да се потрудите. Планот поврзан за љубовта сигурно ќе ви се оствари.

Лав (23.07 – 22.08)

Имате осцилации во расположението, па можно е нервирање поради луѓе со кои соработувате но и живеете. Бидете повредни и поодговорни. Не му замерувајте на лицето кое се нуди да ви помогне.

Девица (23.08 – 22.09)

И понатака се обидувате да заблескате и да напредувате. Се се одвива забавено и со задоцнување. За да ја подобрите ситуацијата пронајдете поинакви методи. Советот од некоја Шкорпија многу ќе ви помогне.

Вага (23.09 – 22.10)

Малку нешта се одвиваат онака како што сте очекувале. На некој начин сте приморани да се прилагодите на ситуацијата која не ви одговара. Во љубовта генерално сте задоволни со односот кој го имате со партнерот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На необичен начин се обидувате да ги промените деловните случувања. Можни се пријатни изненадувања во љубовта, особено доколку неодамна сте запознале некоја личност која многу ве интересира. Ве оптеретува зголемениот крвен притисок.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некој од колективот тежнее да го заземе вашето работно место. Не дозволувајте му да го прави тоа. На љубовното поле нема позначителни случувања.

Јарец (22.12 – 20.01)

Еден соработник е подготвен да ви помогне. Некој во прилична мера ве исцрпува со неговата неодлучност. Време е да се завртите кон себе и своите потреби. Тврдоглавоста и ладниот став нема да ви помогнат во љубовното поле.

Водолија (21.01 – 19.02)

Нема да се согласите да појдете на состанок со некое навалентно лице. Не сакате било кој да ве форсира и да ви досадува на било кој начин. Постои опасност од падови, повреди и исеченици, бидете внимателни.

Риби (20.02 – 20.03)

Уморни сте од калкулирања, сакате јасно да дефинирате што можете да очекувате од саканото лице, а што не. Дури и да останете сами, важно ви е само да знаете на што сте. Нестабилен ден за вас.