СРЕЌНА ВЕСТ: Малата Искра која е голем јунак и борец, си замина од болница и конечно е дома

ИЗВОРСкопје24
|

Малата Искра која е голем јунак и борец, ја напушти болницата и конечно е дома.

По 53 дена престој на Одделот за неонатална интензивна нега во болницата Систина, си замина да се гушка со мама и тато.

Искра дојде на свет на 9 април со родилна тежина од 1060 грама. За жал, нејзината близначка Ведрана не ја издржа борбата.

Ведрана и Искра беа предвреме родени сестри близначки.

По 13 дена од нивното раѓање кај Ведрана настанало влошување на состојбата, по направени бројни иследувања се поставила дијагозна – вродена аномалија на дебелото црево ( Dg. Colon Agangionalis ) и сомнение за Цистична фиброза. Индицирана била хирушка интервенција – лапаратомија и истата била реализирана на ден 07.05.2019 година.

За Искра и Ведрана донираа многу граѓани од цела Македонија, а родителите се бескрајно благодарни за хуманоста.

Над 1.000 родители ќе се најдат на суд: Одбиваат да ги вакцинираат децата

Овие родители ќе бидат повикани во ДСЗИ каде ќе може да платат казна од околу 500 евра, а ако не го сторат тоа ќе им бидат поднесени прекршочни пријави и ќе завршат на суд.

Најмногу родителите кои потпишале ваква изјава се од Скопје 593, потоа од Струмица 191, Куманово 93, Битола 50, Штип 40.

Досега овие случаи ретко завршуваа на суд, но поради епидемијата на морбили здравствените власти почнаа поажурно да постапуваат. Се организираа и теренско вакцинирање по училиштата, а родителите кои не сакаа нивното дете да прими вакцини мораа да потпишат изјава.