Среќна вест за биковите, добра финансиска ситуација за близнаците – Дневен Хороскоп (20.02.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Несигурен викенд во кој добро треба да размислите за следните чекори. Сеуште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни.

Бик (21.04 – 21.05)

Викендов ќе ви донесе многу изненадувања. Ако можете, излезете порано од работа и обидете се да го поминете денот како што сакате. Ако пак не можете да ги одложите обврските, завршете ги порано, за подоцна да можете да се забавувате. Ќе слушнете среќна вест.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Финансиската ситуација ви е добра и викендов ќе правите планови за вложување во домот. Ако сте вработени, можно е да дојде до некои промени кои ќе ве изненадат. Можеби на прв поглед ситуацијата ќе ви делува стресно, но подоцна ќе сфатите дека е во ваша корист.

Рак (22.06 – 22.07)

Искористете го викендов за да излезете надвор од градот и да ги наполните батериите. Доколку сте слободни, надвор од местото на живеење, преку пријател ќе запознаете една личност која ќе ви се допадне. Се уште не сте во фаза кога ве интересираат нови врски, но време е да размислите.

Лав (23.07 – 22.08)

Имате голема амбиција и надежи дека некој нов план ќе ви донесе поголем финансиски приход. Доколку сте невработени, можно е да добиете понуда за работа на одредено време. Внимавајте, не внесувајте премногу калорични намирници.

Девица (23.08 – 22.09)

Викендов ќе се чувствувате малку растревожено поради некое несогласување со партнерот. Потрудете се да гледате на позитивната страна и извлечете го најдоброто од ситуацијата. Престанете да размислувате дека блиските лица ви кројат нешто зад грб.

Вага (23.09 – 22.10)

Месечината поминувајќи низ вашето поле за амбиција ќе ви донесе многу нови можности. Доколку не успеавте да ги регулирате односите со деловните партнери, немојте многу да се експонирате. Неверојатно сте вљубени, но и непотребно посесивни и љубоморни.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доколку веќе некое време сакавте да поразговарате со партнерот за некои важни работи, викендов е вистинскиот момент за тоа. Кажете му го вашето мислење за се, дури иако знаете дека можеби нема да му се допадне. Останете си во своја кожа, не правете се друга личност.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Внимавајте на расходите и не дозволувајте тие да ги надминат приходите. Ако играте игри на среќа, денес ве очекува добивка. Викендов ќе го поминете во пријатно друштво на една значајна личност која ќе ви биде од голема помош во иднина. Партнерот моментално не ви прави проблеми, но тоа не значи дека треба да го запоставувате.

Јарец (22.12 – 20.01)

Не дозволувајте неколку ситни проблеми да ве растревожат. Фокусирајте се на позитивни работи и мислете на она што ви причинува задоволство. Очекувајте повик од личност од минатото. Односите со семејството ви се заладуваат.

Водолија (21.01 – 19.02)

Дозволете да ве понесе романтикатата и препуштете им се на страстите. Подгответе му вкусна вечера на вашиот парнер, а тој ќе биде изненаден од оваа позитивна промена. На професионално поле очекувајте видни подобрувања во текот на наредната недела.

Риби (20.02 – 20.03)

Викендов ви претстои разговор со една личност која во иднина може да ви обезбеди поголеми приходи. Ветувањето што ќе го добиете нема да може да се реализира веднаш, но очекувајте позитивен резултат. Обидете се да не ги споделувате своите размислувања со партнерот. Тој е деструктивен и ве кочи во напредокот.