Среќни моменти за близнаците, пари за вагите – Дневен Хороскоп (31.03.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Ситуацијата на работното место наеднаш ќе се промени на подобро. Ќе почувствувате голема поддршка и олеснување. Некој повторно ќе се обиде да ви го замати планот, но конечно ќе откриете кој бил тој. Во вечерните часови приклучете и се на забавата на вашето друштво.

Бик (21.04 – 21.05)

Сјајно ви оди во друштвото, па затоа не бидете сами ниту денес. Договорете некој заеднички ручек или вечера со лицата кои ви се драги. Здравјето ви е солидно, но недоволно сте физички активни. Направете нешто околу тоа.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес ќе ве следат добри и среќни моменти. Ќе бидете задоволни со учинокот и ќе слушенете добри вести. Ќе бидете осетливи на туѓите провокации па затоа избегнувајте ги непријатните лица.

Рак (22.06 – 22.07)

Посакувате малку поголема искра од страна на новиот партнер. Сакате тој директно да ви каже дека чувствува нешто за вас. Немојте да делувате пренападни и директно да го барате тоа.

Лав (23.07 – 22.08)

Љубовните проблеми и несогласувања ќе ви го угушат овој ден. Денот нема да ви биде поволен ниту за работата. Денес завртете се кон вежбањето и на тој начин исфрлете ја негативната енергија.

Девица (23.08 – 22.09)

Цел ден ќе ве следи одличното чувство, па на крајот од денот и ќе искусите нешто убаво. Заборавете на ситните грижи кои ве оставаа без сон. Подигнете ја главата и ќе забележите дека не е се така црно.

Вага (23.09 – 22.10)

Обидете се понекогаш да го послушате партнерот. Ќе имате добри идеи за излез од кризата, а ќе се појават и некои пари кои ќе ви ги затнат долговите. Тргнете се настрана од непријатни и опсани луѓе кои ви предизвикуваат немир и стрес.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Контаките со силни, млади и амбициозни лица ќе ви ја поткренат самодовербата. Ве очекува сума на пари кои овој пат паметно ќе ги искористите. Побарајте ја енергијата во здравите намирници.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Чувствувате лесна стагнација или потреба психички да се растеретите од наталожените обврски. Во љубовнот живот ви годи присуството на партнерот, се чувствувате возбудено и заљубено. Уживајте во заедничките моменти.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ги препознавате приликите на секој чекор, се чувствувате сакани и уживате во емоциите кои доаѓаат од сите страни. Не смеете да дозволите ниту еден момент да пројде без одлучна акција. Посветете им се на високите цели.

Водолија (21.01 – 19.02)

Вие сте упорни и истрајни и покрај падовите и проблемите кои ги носите на грбот. Денес сами ќе си ја подобрите ситуацијата така што ќе завртите нов лист во кој ќе нема место за нервоза. Енергијата побарајте ја во дружењето со саканите лица.

Риби (20.02 – 20.03)

Денес не можете да се пофалите со посебните вештини. Дента ќе биде сосема обичен без речиси никаква содржина, истите лица и истите нешта. Можен е пад на имунитетот и мали здравствени проблеми.