Овен (21.03 – 20.04)
Денот не е поволен па немојте да преземате ризици. Саканото лице ќе биде прилично затворено и ќе ви пречи неговиот став. Немојте да му се лутите.
Бик (21.04 – 21.05)
Прилично сте загрижени поради осцилациите кои ќе ви се случат на деловното поле. Обидете се да не се грижите премногу. Пред вас е емотивен и интересен ден.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе забележите некои необични промени во работното опкружување и нема да бидете сосема свеесни за се што се случува. Ве очекуваат среќни вести. Во љубовта ситуацијата е одлична.
Рак (22.06 – 22.07)
На работното место не преземајте дополнителни обврски, денот не е поволен за преоптеретување. Емоциите ќе ви бидат прилично нестабилни.
Лав (23.07 – 22.08)
Не е препорачливо денес да се занимавате со претерано важни работи. Оставете ги важните одлуки за некој подобар период. Во љубовта ве очекуваат промени.
Девица (23.08 – 22.09)
Можно е да ви се одложат некои планови кои сте ги имале но тоа нема да ви создаде некој голем проблем. Во љубовта променете го својот пристап во комуникацијата со партнерот и бидете појасни.
Вага (23.09 – 22.10)
Можете лесно да направите грешка во текот на денешниот ден. Концентрацијата ќе ви биде опадната. Во љубовта ќе ве фаќа носталгија и ќе бидете прилично оптеретени со случувањата од минатото.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Немојте да влегувате во некои ризични трансакции на работа. Најдобро е да си ги извршувате стандардните обврски. Во љубовта ќе бидете збунети и нема да знаете што вашиот партнер мисли и чувства.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Внимавајте што потпишувате денес. Денот не е поволен за нови нешта. Во љубовта вие ќе бидете заслужни за тензијата меѓу вас и парнерот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Очекувајте помош од своите соработници со кои генерално имате добар однос. Пред вас е поволен ден. Во љубовта работите ќе бидат стабилни, слободните ќе запознаат некој од знакот на Рак.
Водолија (21.01 – 19.02)
Потребна ви е нова деловна прилика во која ќе можете да ги докажете способностите. Во љубовта можно е да ви се случни нова љубовна авантура.
Риби (20.02 – 20.03)
Очекувајте нови деловни познанства кои ќе ви бидат од големо значение. Ќе направите одлични деловни потези. Во љубовта оние кои се сами ќе го обноват контактот со поранешниот партнер.