Српска актерка се шокирала од глетката: Го видела убиецот од тераса и почнала да вика

|

Младата српска актерка Аница Петровиќ, која живее и работи во Нови Сад, пред два дена од тераса видела маж со пиштол пред зградата и ги предупредила соседите да не излегуваат надвор. Таа се уште е во шок, бидејќи одлуката да се напие кафе пред да оди на солариум, каде што се случи убиството можеби ѝ го спасила животот, пишува Нова.рс.

Аница живее во зграда во близина на местото на страшното злосторство што се случи пред два дена, кога В.Р. (34) провали во козметички салон на улицата „Јована Суботиќ“ и ја застрела поранешната девојка (26), која починала на лице место, по што и тој се самоуби.

Слушнала истрел, но прво помислила дека е петарда. Меѓутоа, кога ги слушнала сирените на брзата помош и полицијата, повеќе немало дилема.

„Од терасата на мојот стан во тој момент здогледав човек со пиштол и ги молев соседите кои живеат во мојата зграда, а тие требаше да излезат од неа, да се вратат во нивниот стан бидејќи нешто се случува… – рече Аница.

Таа вели дека нејзиниот план тоа утро бил да оди во тој салон за да закаже термин за солариум.

„Решив прво да се напијам кафе, а потоа да се симнам долу, а потоа слушнав пукање. Се надевав дека се петарди, но се чувствував нелагодно, со сирените и се што се случуваше изминативе денови, не знаев дали тој некој е фатен или се уште се шета и пука во луѓе – вели Аница.

Соседите во зградата и се благодарни на младата актерка за предупредувањето.