Српската премиерка Ана Брнабиќ (43) и нејзината неколку години помлада партнерка, д-р Милица Ѓурѓиќ, наскоро ќе станат родители.
Според магазинот „Глорија”, Милица Ѓурѓиќ се подложила на вонтелесно оплодување и поради бременоста веќе неколку месеци не се појавува во јавноста со Ана Брнабиќ. Од Клиничкиот центар на Србија, од Центарот за радиологија и магнетна резонанца каде што работела, е потврдено дека Ѓурѓиќ отишла на трудничко боледување.
„Премиерката останува при ставот да не зборува јавно за приватни работи. Во секој случај, благодариме на убавите желби“, кажале за „Глорија“ од кабинетот на Ана, кога се јавиле за да ѝ честитаат на премиерката и нејзиниот партнер.
Исто така, во согласност со ставот на својата шефица, тие не можеа да откријат од кој пол ќе биде бебето, објаснува „Глорија”.