Српската влада ги ограничи цените на основните прехрамбени производи

|

Српската влада ги ограничи цените на основните прехранбени продукти како на шеќерот, брашното од тип 400, сончогледовото масло за јадење, свинскиот бут и на млекото со 2,8 отсто млечна маснотија, јавува српската телевизија Н1.

– Ценовното ограничување е поставено со цел да ги амортизира штетните последици од инфлацијата и можните нарушувања на пазарот.

Одлуката е проектирана да трае два месеца. Со неа производителите се обврзуваат да не смеат да ги намалт количините на производство и дистрибуција до консументите, под просекот во последната година.

За оние кои нема да се држат до оваа одлука, следуваат казни во износ меѓу 100.000 и 2 милиона динари, како и забрана за вршење дејност во период од 6 месеци до една година.