Податоците од Институтот за јавно здравје „Батут“ истакнуваат дека досега во Србија заболеле 104.867 пациенти, а настрадале 29, па поради тоа Министерството за здравје во Србија предложи продолжување на распустот.
Меѓу настраданите од грип во Србија има и млади луѓе, што отворило прашање колку вирусот е опасен и дали тоа значи дека и здравите лица може да имаат сериозни последици од вирусот кој владее?
Епидемиологот проф.д-р Бранислав Тиодоровиќ истакна дека најголем број фатални случаево всушност има меѓу хронично болните.
-Во овој конкретен случај фаталниот исход најмногу е застапен меѓу хронично болните, но има и млади луѓе. Зошто доѓло до фатален исход? Поради компликации предизвикани од вирусот, иако е добро прашањето дали лицата биле вакцинирани? – вели докторот.
Тој објаснил како доаѓа до компликации кои може да бидат фатални за човекот:
-Со оглед на тоа дека вирусот го напаѓа респираторниот систем, но и кардио-васкуларниот систем важно е веднаш на почетокот да се отиде на лекар. За жал, младите луѓе штом се почувствуваат подобро се враќаат на секојдневните обврски што остава сериозни последици на организмот. Исто така ако пациентите почувствуваат дека тешко дишат и чувствуваат тегоба, мораат итно да се јават на лекар кој ќе им даде адекватна терапија. Пациентите некогаш бараат лекарска помош дури кога болеста сериозно ќе напредне – заклучува Тиодоровиќ.