Српскиот новинар на „Курир.рс“, Владимир Ѓорѓевиќ вели дека никогаш нема да ја мие неговата лева рака, откако успеал да се поздрави со рускиот претседател Владимир Путин.
„Ни пристигна претседателот Путин. Единствено јас од новинарите бев на половина метар од најчуваниот човек на планетата. И што прави новинарот кога ќе се врати дома. Ги мие рацете. Но, оваа рака, левата, таканаречена путинова, никогаш нема да ја измијам. Нека Путин остане во Србија преку мојата рака“, изјавил Владимир.
Владимир вели дека успеал да му се доближи на рускиот претседател на само половина метар. Исто така се пофали дека тој и неговите колеги биле единствените кои успеале да го снимат автомобилот во кој се возел Путин.