Српскиот моден критичар Саша Видиќ го прокоментира стајлингот на Калиопи на „MAC“ – еве што кажа за македонската дива

|

Пред само неколку дена во „Штарк Арена“ во Белград се одржа второто издание на доделување на музичките награди на МAC. Токму ова случување ги собра регионалните музички ѕвезди кои во разни модни комбинации продефилираа на црвениот килим.

Некои од нив беа номинирани за награди, некои освоија награди, а некои пак воодушевија со своите интерпретации. Македонскиот пејач Влатко Лозаноски со песната „Мајка“ освои награда за најдобра регионална фолк поп песна, а една од домаќинките на ова случување беше Тамара Тодевска.

Македонската дива Калиопи со својата музичка интерпретација на „Роѓени“ го воодушеви целиот регион.

Калиопи не освои награда на „MAC“, но доби најголеми овации во „Штарк Арена“ За оваа прилика Опи одбра црна комбинација која најчесто е дел од нејзиниот стајлинг, но кога продефилира на црвениот килим се сретна со српскиот моден критичар Саша Видиќ кој пред камерите на телеграф, рс откри што мисли за нејзиниот изглед.

„Дај да те видам како си облечена“ изјави Видиќ откако ја поздрави Опи.

„Еј, немој нешто да ми најдеш дека не е добро. Тоа е мој стил“ веднаш врати Опи.

„Не, не. Мене ми се допаѓа. Па, ти си иста. Знаеш, ова е жена која никогаш не се менува. Не знам што се случува. Наместо Калиопи требаше да се вика Камелеон“ истакна Видиќ.

За потсетување, Саша е добро познат моден критичар и дизајнер кој често знае да го искаже своето мислење за модните комбинации на познатите.Па така кај него често на тапет знаат да се најдат Дара Бубамара, Јелена Карлеуша, Сека Алексиќ и многу други познати личности.