Српските медиуми имаат забелешка за Каролина Гочева, за кариерата, но и изгледот

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската пејачка Каролина Гочева беше единствениот наш претставник кој настапуваше на спектаклот во Штарк Арената, MAC или Music Awards Ceremony.

Како и секогаш Каролина блесна на сцената и во вистинско светло ја престави Македонија, а настапи со „Ти не дојде“ за која се закити со награда „Најдобра етно нумера“.

Медиумите се уште резимираат за настанот, наградите, сцената, изгледот изјавите на пристуните…

Во тоа српските медиуми не ја заобиколија ниту Каролина, тие јасно посочија дека од неа очекуваат повеќе настапи во регионот, како и тоа песните да ги препее на српски јазик.

Освен коментарот во поглед на нејзината кариера, тие го искоментираа и нејзиниот изглед.

Напишаа дека Каролина е видно ослабена, а тоа не останало незабележано.

Како најважен момент остана разговорот на Каролина со водителката која се дрзна да ја искара зопто не пеела на српски јазик.

Каролина беше културна и ѝ одговори дека станува збор за албум со етно примеси и звучи поавтентично на македонски јазик, но можеби ќе подготви нешто во иднина.