Српските медиуми пишуваат за љубовното минато на Каролина Гочева

ИЗВОРновлист
|

Беше со сурови богаташи, Каролина го крие љубовното минато како змија нозете, а на крајот се омажи за шест години помлад сликар, токму вака гласи насловот на српскиот портал Блиц.рс кој пишува за нашата пејачка Каролина Гочева.

Каролина никогаш не сакала јавно да зборува за приватноста, но детали секогаш излегувале на виделина.

Српскиот медиум Блиц.рс решил да пишува за љубовното минато на нашата Гочева и ги објави нејзините поранешни романси кои на нас сепак ни се познати.

Приказната ја започнуваат со нејзиниот сопруг, сликарот Михаил Корубин:

На 23.09.2017 година, Каролина се омажи за шест години помладиот сликар Михаил Корубин. Каролина во интервју наведе дека тие двајца се сретнале додека ја сликале насловната страница на нејзиниот албум „Извор“, а подоцна се венчале во еден од воените хангари на аеродромот Петровец кај Скопје. Михаил потекнува од уметничко семејство, неговиот татко Рубенс е добро познат македонски сликар, а неговата мајка Лиле Корубин е дизајнер. Михаил е магистер за ликовни уметности и неговите дела се изложени во Софија, Торонто, Њујорк.

Приказната ја продолжуваат со романса која се случила кон крајот на 2011 година, ког Каролина се забавувала и со Николас, богат Грк кој живее во Битола, каде има своја фабрика за текстил. Со него почнала да се забавува кога на крајот на летото ја раскина врската со младиот скопски бизнисмен Јован Пановски.

Изминатите четири години македонската пејачка беше во врска со Дино Балиќ, а пред тоа кратко се забавуваше со Михајло Ражнатовиќ, синот на Жељко Ражнатовиќ – Аркан, вака завршува написот за нашата Каролина.