ССМ поднесе тужба против Владата

ИЗВОРНов Лист
|

Како репрезентативен синдикат на национално ниво и во приватниот и во јавниот сектор во Република Северна Македонија, сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ)  ги претствува сите работници и се грижи за остварување и заштита на нивните права од работен однос. Во таа насока ССМ поднесе тужба од јавен интерес против Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија како тужен во постапката поради тоа што со постапување односно непостапувањето на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија се дискриминирани голем број на вработени во јавниот сектор.

– Владата не постапи во целост согласно Закон за измени и дополнување на Законот за минимална плата објавен во Сл. весник бр. 41 /2022година со кој е утврдена висина на минимална плата во износ од 18000 денари во нето износ, што преставува зголемување од 18,4 проценти во однос на вредноста на предходната минимална плата. Согласно член 8 од Законот за минимална плата потребно беше да се усогласат платите на сите вработени со порастот на минималната плата, се појаснува во денешното соопштение од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Платите на другите вработени кои имаат плата под минималната, за дел вработени се усогласени со порастот на минималната плата, а без оправдани причини и спротивно на закон, се посочува во соопштението, Владата не го направи тоа за сите вработени во јавниот сектор односно паушално и без критериуми платите некаде не се зголемуват воопшто, а некаде се зголемуваат за одредени категории на вработени наспроти други категории на вработени во јавниот сектор за кои Владата е непосреден работодавач.

Произлегува дека без постоење на реални и оправдани причини, Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија постапи спротивно на Уставот на Република Северна Македонија во кои е уредена обврската за почитување на правото , законите и целосно функционирање на правната држава, односно Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија не постапи согласно Законот за минимална плата, другите закони и владеењето на правото и не обезбеди зголемување на платите на сите вработени во јавниот сектор туку тоа го направи само за еден дел од вработените во јавниот сектор во државата, се посочува во соопштението.