ССМ: Владата ветува дека ќе има поголеми плати, а храната и енергијата премногу поскапеа

ИЗВОРНов Лист
|

– Владата го прекина социјалниот дијалог, а последниот состанок на Економско – социјалниот совет се одржа во мај оваа година. Методологијата од Владата се најавува од почетокот на годината и успешно се одолговлекува, а личниот доход не е израмнет со минималнатана плата, додека пак потрошувачката кошничка и инфлацијата драстично се зголемија во последните месеци, истакна претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски.

Синдикатот нема да дозволи политиканство, народот е гладен, цените за храна и сметките се високи, покачувањето од 9.000 денари на минималната плата од 2017 година ќе остане незначително бидејќи вредноста на Синдикалната минимална кошница за декември 2017 година изнесувала 32.316 денари, а денеска е 48.234 денари.