Што гореше во „Треска“ и дали беше загрозено здравјето на скопјани?

|

Што сè се залепи на плуќите на скопјани по пожарот во „Треска“ ? Каков материјал изгоре во запуштените објекти на фабриката никој нема одговор.

Инспекторите за животна средина велат додека не заврши истрагата не можат да утврдат какви се последици предизвика пожарот. Од „О2“ иницијатива велат доколку таму имало азбест и други штетни материја зошто никој не ги предупреди граѓаните да не се изложуваат на ризик, особено за жителите на Центар и Карпош.

„Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна? Сите ние што бевме надвор додека гореа азбестни кровови во Треска бевме изложени на азбестни влакна кои предизвикуваат бројни респираторни проблеми, се канце рогени и предизвикуваат рак на белите дробови. Азбестот е на листата на опа сен отпад.

Од „Зелен хуман град“ реагираат дека по три дена од пожарот се уште нема одговори за штетните последици од овој пожар. Зачудувачки според нив е тоа што во овие денови не биле измерени поголеми количини на ПМ штетни честички во воздухот.

Инспекторите направиле само визуелен увид на терен бидејќи не биле создадени услови за подетални проверки.

Министерството за животна средина укажува дека азбестот како материјал е се уште широко присутен во секојдневието останат од минатото, но тие немаат информација ниту евиденција дали и колку ваков материјал имало во кругот на Треска.

-За тоа што е опожарено, настанатата штетата и составот на материите што гореле нема информации, а ќе се утврди од вешти лица. Од друга страна МЖСПП азбестот го третира од аспект на отпад и во тој правец неговото третирање и одложување е регулирано со Законот за управување со отпад и со Правилник.

Од друга страна пак забраната за употреба на азбест е во ингеренции на Министерството за здравство, велат во одговорот, но ниту од таму немаше информација за евентуалните штетни последици. Она што е познато е дека овој материјал е канце роген и може да предизвика фат ални последици по здравјето на луѓето доколку навлезе во респираторниот систем.

Директорот на Државниот инспекторат тврди дека во овие денови по пожарот немало зголемување на штетни ПМ честици единствено присуство на јаглеродмоноксид кој се регистрира при секој пожар.

Ниту од градот Скопје нема детали за тоа што се изгоре но најавија дека ќе бид потребно да се направар специфични мерења.

Инаку вчера градоначалникот на Центар рече дека во кругот на Треска има опа сен материјал, азбест, пластики и остатоци од производството кои се штетни по здравјето. Од општината велат дека во повеќе наврати раководството на оштината предупредувало на можноста од еколошка катастрофа. Од понеделник кризниот штаб на општината ќе се состане за да одлучи како да се исчисти отпадот и како да се справат со евентуалното загадување. Ќе се врши и анализа што се изгорело.

-Повеќе пати сме апелирале за изнаоѓањее издржано решение за отпадот кој се наоѓа таму, но поради објективни причини, локацијата се уште не е исчистена. Чистењето на локацијата е и обврска на сопствениците на објектите. Досега во општината се пристигнати 28 барања за отстранување на објекти од страна на сопствениците и истите се уште се во постапка.