Овен (21.03 – 20.04)
Во последниот период бевте многу вредни и буквално предадени на работата. Тој труд конечно ќе ви се исплати. Се ќе биде стабилно кај зафатените. Оние кои се слободни ќе запознаат личност која вистински ќе допре до нив.
Бик (21.04 – 21.05)
На вас ќе ви бидат неопходни пари. Поради тоа ќе бидете под голем стрес. Нема потреба од грижи, разговарајте со партнерот за вашата финансиска ситуација. Оние кои се во брак или врска ќе имаат стабилен и плоден ден.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Овој ден нема да бидат забележани промени на работен план. Вие вредни како и секогаш ќе ги извршите сите зададени задачи. Слободните треба паметно да го искористат овој ден и да се поврзат со личноста која одамна им се допаѓа.
Рак (22.06 – 22.07)
Пред вас е успешен работен ден. Можен е некој јавен настап или пофалба како и награда за вашиот труд. Кога станува збор за љубовта, ситуацијата генерално е поволна. Некои ситници кои ќе предизвикаат кавга, лесно ќе ги надминете.
Лав (23.07 – 22.08)
Малку понапорен работен ден, затоа не седете и не размислувајте, туку фатете се за работа. Слободните ќе имаат шанса да запознаат многу привлечно лице, оние во врска или брак ќе имаат мали кавги.
Девица (23.08 – 22.09)
Работата во овој ден ќе биде под контрола, нема да имате зголемен број на обврски, па лесно ќе ги завршувате работните денови. Ќе бидете особено шармантни и друштвени, па така ќе привлечете голем број на додворувачи.
Вага (23.09 – 22.10)
Пред вас стои поволен работен ден без оглед дали работите сами за себе или за некој друг. Ќе постигнете успех. И во љубовта ситуацијата може да биде поволна доколку не се инаетите со партнерот. Не се однесувајте како дете, седнете и разговарајте.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
За да го постигнете она што сте го зацртале ќе морате прекувремено да останувате на работа, а бидејќи за напредокот ви претстои награда, направете го тоа. Внесете нова доза на романтика во вашата врска. Не се преоптеретувајте само со финансиите, дозволете си нешто слатко заедно со партнерот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Не сте задоволни со работата. Имате чувство дека сте презаситени, па само рутински ги обавувате задачите. Размислете да направите некаква промена. Слободните ќе имаат прилика да запознаат некого, а зафатените ќе бидат во хармонија.
Јарец (22.12 – 20.01)
Сте сфатиле каква е состојбата на деловен план и сега знаете кои одлуки ќе ги донесете. Пред вас е предизвикувачки период. Во љубовта сакате да го задржите саканото лице покрај себе.
Водолија (21.01 – 19.02)
Подготвени сте да и се посветите на работата максимално и се останато да оставите на страна. Важно ќе ви биде да ги остварите вашите амбиции. Во љубовта ве очекува возбудлив ден.
Риби (20.02 – 20.03)
Вие сте многу добри во својата работа и тоа сите искрено ќе ви го кажат. Ќе бидете пример за вистински добар работник. Во љубовта слободните ќе ја обноват врската со некој од минатото.