Наместо хотел со 5 ѕвезди сите би одбрале да се стуткаат под ќебе во хотел со поглед кон илјадници ѕвезди и поларна светлина.
Иако многумина не би ја ставиле Финска како прв избор за патување, сепак оваа земја е совршена за оние кои сакаат во ладните денови да се стуткаат под ќебе и да уживаат во романтична атмосфера со прекрасен поглед.
Levin Inglut е ресортот кој модерните иглоа ги претвора во совршено сместување за патувачите, кои можат да уживаат на топло додека се опкружени со природа и имаат поглед кон поларната светлина.
Собите се уредени по најнови трендови и се мешавина од природни материјали, богати текстури и неутрални нијанси кои создаваат топла и пријатна атмосфера, a имаат и приватна тераса со џакузи на отворено.
Искуството во овој хотел е навистина магично, а веројатно сега ќе ви стане прв на листата.
Посакувате ли да се разбудите тука?