Легендарниот актер Силвестер Сталоне редовно тренира и тоа е тајната на неговото мускулесто тело.
За улогата на Рамбо осум месеци тренирал секој ден и тоа по четири часа, а освен што секој ден бил во теретана одел и на часови по боречки вештини, курс по стрелаштво и преживување.
Тој денес има 73 години и има неверојатно тело па затоа одлучил на своите фанови да им даде до знаење дека за да имате таков успех потребно е многу да вложувате во себе.
Тој објавил фотографија од младите денови.
„Ова е само потсетник за моите пријатели дека стареењето не значи дека не може да станете подобри во тренирањето. На мои 35 години дигав тег од 18 килограми, а сега на мои 73 дигам тег од 43 килограми. Затоа никогаш немојте да се откажувате“ – напишал Сталоне.
Многу од пријателите се согласиле со него и во него пронашле голема инспирација.
„Во право си. Сега имам 50 години и во подобра форма сум од кога имав 30 години. Тајната е во тоа што никогаш не треба да се откажувате. Ти си мојата инспирација“ – гласи еден од коментарите.
Но, имало и такви за кои дигањето тегови од 45 килограми било преголем залак па напишале:
„Тег од 45 килограми? Не, благодарам. Имам еден грб. Тоа им го оставам на легендите“.