Стана госпоѓа Живојиновиќ, па почна да ги брише срамните делови од својата биографија

ИЗВОРСкопје24
|

Александра Пријовиќ пејачката кариера ја почна пред осум години во „Гранд-ѕвезди“, кои и’ донесоа почетна популарност и отскочна штица за настапи низ разни кафеани, дискотеки и приватни веселби во регионот. Настапуваше и под селски шатори, на панаѓури и секаде каде што ја бараа. Но кога стана популарна и урбана пејачка, настапи „перење“ на биографијата!

Имено, кога видела дека имиџот на свадбарска пејачка нема да и’ донесе многу во кариерата, Александра побарала од соработниците да ги отстранат сите снимки од Јутјуб на кои пее на приватни веселби.

Инаку, Александра и Филип се преселија во новиот дом во близина на местото каде што живее Лепа Брена. Иако и кујната им е средена и врвно опремена во нивниот дом, сепак храната стигнува исклучиво од куќата на Лепа Брена и Боба Живоиновиќ.

Пејачката само што стана мајка, но сè уште ѝ сметаат мириси и не сака храната да се подготвува во нејзиниот дом, поради што ѝ носат храна за неа и бебето од куќата на Брена. Со оглед на тоа дека новопечената мајка дои, сите се трудат да се храни многу здраво.

Иако раната од царскиот рез сè уште и е свежа, па тешко се движи, Александра се чувствува одлично и ужива во секој момент со својот наследник.

За потсетување Филип и Александра првобитно планираа породувањето да се изврши во Америка, но поради големите компликации околу визата и останатите законски прописи, се откажале од тоа. На крајот се решиле за Белград и избрале една приватна клиника. Цената која Живоиновиќ морале да ја платат изнесува околу 5.000 евра.

По излегување од клиниката на пејачката и нејзиниот сопруг планирано беше прва да им помогне мајката на Александра, Борка, но и членовите на семејството на Филип кое живее во соседството – рекол извор близок до семејството.