Стана хит преку ноќ- претставничката на Малта влезе во финалето, но сите зборуваат за нејзиниот смешен настап

ИЗВОРСкопје24
|

Претставничката на Малта вчера се пласираше во финалето на Евровизија која годинава се одржува во Тел Авив, Израел.

И додека публиката е поделена околу нејзиниот необичен настап, твитер заедницата и објави „војна“ на пејачката.

Пејачката Michaeala која вчеравечер се претстави со песната „Chameleon“, ја споредија со лик од познат цртан филм.

Иако ритмичниот настап ја дигна публиката на нозе, нејзиниот настап се најде на тапет поради гардеробата, но и поради сценографијата која наликуваше како сцена од цртаниот филм „Сунѓерот Боб“.