Станав во 5:37, морам да ја измијам косата, ми доаѓа тој: Исповед на Северина за првиот викенд со синот

ИЗВОРnovlist.mk
|

Северина Којиќ, која остана без старателство над синот Александар, кој според одлука на судот, доделен му е на Милан Поповиќ, напиша многу потресна исповед за нејзиниот прв викенд со синот откако го изгуби.

-„Се будам во 5.37, сабота е. Сопругот ми вели: спиј уште малку. Го бакнувам и велам, а не, морам да ја измијам косата, ми доаѓа тој… Александар секогаш ми вели: мамо, многу сакам да заспијам во твојата мирисна коса и затоа што си ми топла и мека. Ја сушам косата и се гледам, а во огледалото гледам жена која ми вели: Исуши ја косата, нашминкај се и облечи го оној фустан кој тој го сака. Ти доаѓа тој. Ми доаѓа мојот син во 10 часот. И моите мисли за секунда се распрскуваат, бидејќи тој се претвара во секоја мисла и секоја моја мисла се претвора во него.“

-„Ме бара мајка ми околу 7.15 и ми вели по дамлатински: ало доаѓам и јас од Сплит. Ми доаѓа и мајка ми, на мојата среќа ѝ нема крај. Секогаш знаела кога и на кој начин ми треба. Кога не беше дома, мислев дека тогаш тоа е куќа без срце. Се чудев кога ќе ми подадеше шамивче пред да кивнам, занеше кога ќе се разболам и по ѕвончето знаеше која оценка сум ја добила во училиште. Мислев дека има посебни моќи. Сега кога сум мајка, знам како знаела. Едноставно знаеш!“