Станковиќ: Нема да поддржиме вработување на 120 лица во Водовод, затоа што Арсовска избрка 100 луѓе под образложение дека е превработено претпријатието

|

Малиша Станковиќ, советник во советот на Град Скопје од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, СПМ на денешната седница говорејќи за годишниот план за вработување на 120 лица во ЈП Водовод и канализација за 2023 година, истакна дека нема да поддржи вработување на овие лица, бидејќи ново именуваниот директор на претпријатието веќе ги прекинал договорите на 100 лица со објаснување дека претпријатието е превработено.

-Се работи за една точка а тоа е утврдување на годишниот план за вработување на лица во повеќе јавни претпријатија.

Во случај ова е точка на вработувања на лица во ЈП Водовод и канализација каде што е предвидено дека во наредната година односно во 2023 треба да се вработат 120 лица. Не значи дека сите 120 лица ќе се вработат, меѓутоа со самото постоење на ваква одлука, постои можност за вработување на лица во јавното претпријатие.

Земјаќи во предвид дека директорот на јавното претпријатие Водовод и канализации веднаш непосредно после своето стапување на функција отпушти од работа односно ги раскина договорите на преку 100 вработени во јавното претпријатие, сметам дека ваквата одлука како советници не треба да ја поддржиме за да не го ставаме во дополнителен терет да се става во искушение некого да вработи во јавното претпријатие во 2023 година, бидејќи со самото тоа покажува тенденција дека има превработени луѓе за очекување дека во 2023 година овој директор, како и воопшто директорите на јавните претпријатија ќе продолжат со онаа стратегија на опуштање на луѓе, а не со примање на луѓе во работен однос. Па затоа ваквиот тип на одлуки нема да им бидат поддржани и нема да ги гласаме одлуките кои што се однесуваат за годишен вработување на директорите на јавните претпријатија, вели Становиќ.