Доколку сте љубител на слатки закуски и самате да ги подготвувате дома, во продолжение ви даваме идеја за подготовка на вкусни колачиња – гурабии, по стар рецепт.
СОСТОЈКИ: 2 јајца, 150 гр брашно, 70 гр маст, кора од лимон, 70-100 гр шеќер, 100 гр сечкани ореви,1 лажичка сода бикарбона или прашок за печиво, 1 лажичка екстракт од ванила и 1 ванилин шеќер.
Начин на подготовка: Во маст додајте едно јајце и една жолчка, ванилин шеќер, ванила, кора од лимон и пенасто разматете. Додајте брашно со сода или прашок за печиво, малку замесете, па додајте уште една лажица брашно.
Убаво замесете тесто. Покријте и оставете во фрижидер половина час. Развлечете тесто на дебелина 1/2 см и вадете мали колачиња со чаша.
Секое колаче провлечете го низ останатата белка, па извалкајте во сечкани ореви. Редете во плех обложен со хартија за печење и печете на 200 степени околу 15-17 минути. Уживајте!