|
Во првите два месеца од 2022 година е остварена просечна годишна стапка на инфлација од 7,1 отсто.
Забрзувањето на инфлацијата е главно одраз на растот на светските цени на примарните производи храна и енергија, но и општо на увозните цени. Ова доаѓа до израз особено во економиите што зависат од увоз, односно каде што значителен дел од потрошувачката е увезен, како што е случајот и со нашата економија, објави денес Народна Банка по седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика.
Се додава и дека промените на цените се можни и понатаму, поради панде*ијата и случувањата во светот, но се нагласува дека стабилноста на девизниот курс е загарантирана и не треба да се доведува во прашање.