Ставете 3 обични сунѓери во фрижидер: Трик кој ќе ви заштеди еден куп пари

ИЗВОРНов Лист
|

Повеќе нема фрлање овошје и зеленчук бидејќи скапале за брзо време. Идеите на обични луѓе се навистина генијални.
На пример, дали знаевте дека ставањето на 3 сунѓери во фиоката на фрижидерот во која чувате овошје и зеленчук е најдобро нешто што може да направите?

Имено, на овој начин, вишокот влага ќе се апсорбира преку сунѓерите, а овошјето и зеленчукот нема да скапува толку брзо, и нема да мора да го фрлате пред да го употребите.

Истите сунѓери може да ви траат 15-тина дена, а после тоа пожелно е да ставите нови.

Како најбрзо да се ослободите од ‘рѓата и дамките на кадата
Многу домаќинки знаат што е ’рѓа и колку тешко таа се отстранува. Потребно е веднаш да се превземат мерки за решавање на тој проблем, бидејќи колку се дамките постари, толку потешко се отстрануваат.

Наместо скапи и штетни хемикалии, можете да користите состојки кои ги поседува секоја домаќинка во својата кујна: тоа е винска киселина и сол.

Од овие состојки се приготвува раствор за отстранување на темни дамки и ’рѓа од емајлирана када. Во еден сад ставете 100 мл винска киселина и 2 супени лажици сол. Растворот се загрева во микробранова печка или на шпорет до температура од 60-70 степени.

Со добриениот раствор се пребришуваат дамките на кадата со помош на мека ткаенина. Се остава да делува околу 15-20 минути. Потоа се испира со топла вода. Процесот е многу ефикасен, ако го извршите на време. По потреба повторете неколку пати, едно по друго, а резултатот нема да изостане.

Ова е природен и безбеден начин за отстранување на ’рѓата и дамките од када. Од хемиски средства може да користите и обична солна киселина.

Но, пред да ја нанесете на проблематичните делови, заштитете го деловите кои содржат хром, со најлонска кеса. Солната киселина се истура директно врз дамките и се остава еден час, па потоа тепелно се испира со поголемо количество вода.

Неопходно е да се запамти дека при чистењето, не смеете да користите остри сунгери и абразивни средства, бидејќи доаѓа до уништување на горниот, сјаен слој на кадата.Потребно е веднаш да се превземат мерки за решавање на тој проблем, бидејќи колку се дамките постари, толку потешко се отстрануваат.