Ставете сад со ориз во плакарот и ќе ја спасите целата гардероба

ИЗВОРНов Лист
|

Оризот ја впива влагата и миризбите кои се ствараат во плакарите па затоа е посебно корисен на пролет или есен кога времето е влажно. Може да направите освежувач за воздух или за плакарот.

Потребно ви е: Половина шоља ориз Есенцијално масло Сад Исипете го оризот во садот и додадете 15 до 2о капки масло со мирис по ваш избор, па добро промешајте додека оризот не го упие маслото.

Оставете го садот во плакарот, а ако се плашите дека ќе се расипе, ставете некоја проѕирна ткаенина на врвот на садот. Ова би требало да трае неколку месеци, но секогаш може да додадете повеќе масло доколку има потреба.

Со ова ќе ги спасите алиштата од влага, мувла и непријатни миризби.

Неверојатни трикови за чистење кои ќе ви помогнат да ви биде полесно, но и забавно
Кога деновите се издолжуваат а времето се стоплува, повеќето луѓе чувствуваат потреба да го исчистат домот „од темел“. Ова е одличен начин да ја отстраните негативноста од зимата и да се подготвите за топлите летни денови. Но, многу често на чистењето гледаме како на напорна обврска. Сепак, ова не мора да биде вака. Постојат неколку начини коишто ќе ви помогнат чистењето да ви биде полесно, ако не и забавно.

1. Гумена четка за отстранување влакна-Иако домашните миленици се навистина слатки, понекогаш е неверојатно тешко да се ослободите од сите нивни влакна. Ако имате милениче кое сака да лежи на покуќнината, сигурно се соочувате со овој проблем. Едноставен начин да ги отстраните влакната е гумената четка. Едноставно поминете со неа по покуќнината, па дури и теписите за да ги отстраните несаканите влакна. 2. Заменете ја жицата за садови со алуминиумска фолија-Ако сте се откажале од многу јадења бидејќи е навистина тешко да ги исчистите тавичките по готвењето, ова е решението за вас. Наместо да се обидувате да ги отстраните маснотиите и загорената храна со жица, наполнете го садот со топла вода и нежно истријте го со алуминиумска фолија. 3. Магичен сунѓер за чиста бања-Ако не сте се обиделе да ја исчистите бањата со магичен сунѓер, веднаш променете го тоа. Навистина ќе ја забележите „магијата“. Едноставно нанесете малку сапуница на магичниот сунѓер наместо на обичниот и воодушевувајте им се на резултатите. 4. Восок за автомобил во тоалетната школка- За да го спречите наталожувањето на тоалетата школка, исчистете ја добро и нанесете восок за автомобил. За да го изведете ова ќе треба да го исклучите дотокот на вода до тоалетната школка. Штом ќе ја исчистите и исушите, нанесете тенок слој восок.

5. Вотка за останување миризби и нечистотии од душек- Можеби треба секогаш да чувате шише вотка за коктели, но треба да набавите уште едно шише за чистење. Навистина, вотката можете да ја користите за многу работи. Една од најдобрите е за освежување на вашиот душек. Тргнете ги прекривките и испрскајте го душекот со вотка. Оставете да се исуши неколку часа. Алкохолот ќе ги убие бактериите и ќе ги отстрани непријатните миризби. 6. Отстранување дамки- За да ги отстраните и најтврдокорните дамки, направете смеса од сода бикарбона, пероксид и средство за миење садови. Ако имате чистач на пареа, додајте ја оваа смеса во него во комбинација со врелата вода и ќе добиете машина за посветли и почисти теписи со прекрасен мирис. 7. Чистење венецијанки- Венецијанките се валкаат многу лесно. Ако не можете да ги извадите за да ги исчистите темелно, овој трик ќе ви помогне полесно да се снајдете. Едноставно ставете микрофибер крпа на кујнска клешта и прицврстете ја со гумени ластички. Крпата ќе ја собере целата нечистотија, а со клештите ќе можете полесно да ги исчистите тешко достапните места.

8. Пероксид за избелување- Со текот на времето белата облека може да пожолти, и тоа често поради омекнувачот за алишта. Иако можете да користите и малку избелувач, сепак ефектот на чистиот пероксид е неверојатен. Додајте малку пероксид во пералната или нанесете го директно на дамката. 9. Политура за чевли за блескава покуќнина-
Ако имате кожна гарнитура со неколку дамки, можете многу лесно да ја исчистите со политура за чевли. 10. Кромид за чистење скара
Ако вашата скара е навистина валкана, обидете се да ја исчистите со кромид. Кромидот има природни антисептички и антибактериски својства, па е одличен начин да ја исчистите скарата без штетни хемикалии. Едноставно загрејте ја скарата и поминете по неа со кромид пресечен на половина.