Офарбајте велигденски јајца со црвена зелка.
Ви требаат јајца во количина по избор, црвена зелка, вода и оцет.
Се вадат листови зелк колку што ќе процените дека е доволно за јајцата, во зависност од тоа колку силна боја сакате.
Се варат јајцата во вода со оцет за да не пукнат, се става зелката и се вари се заедно.
Се варат јајцата десет минути или повеќе.
Потоа се спуштаат во чинија со ладна вода за да не се преварат во сопствената топлина и да нема темни кругови околу жолчката.