Ставила шкорчиња во саксија со цвеќе: Кога ќе го видите резултатот и вие ќе го направите истото

ИЗВОРСкопје24
|

Собните растенија не само што даваат комфор и топлина во вашиот дома, туку и ја зголемуваат концентрацијата на кислород во просторијата и баш поради овие неколку причини треба да ги имаме во нашите соби.

Нажалост некогаш се случува билките да почнат да венеат од причини кои ни се навистина непознати. На ова влијаат неколку фактори: инсекти, влага и други работи кои не можеме некогаш да ги видиме со голо око.

Немојте никако да ги фрлате растенијата зошто решението е многу едноставно.

Постои едноставен трик кој ќе ви овозможи да се ослободите од сите проблеми кои го мачат вашето растение. За негова реализација доволни ви се само неколку шкорчиња.

Едноставно забодете ги со главата надоле на оддалеченост од 5 сантиметри од работ на саксијата. По два дена заменете ги шкорчињата со нови, а потоа за уште два дена сите инсекти ќе исчезннат.

Од сега не морате да ги поливате растенијата со разни инсектициди. Фосфорот и сулфурот кој го содржат шкорчињата го ослободуваат растението од непријатните инсекти кои го уништуваат. На овој начин ќе ги спасите вашите собни растенија кои и понатаму ќе ви го разубавуваат просторот.

4 собни растенија кои морате да ги имате во вашиот дом

Растенијата во еден простор можат да направат многу, тие се еден од деталите кои можеби, најмногу ја збогатуваат собата.

1. Philodendron е растение познато по тоа што бара минимална нега. Тоа е многу популарно собно цвеќе со убави декоративни лисја. За филодендронот е важно да не е на директна сончева светлина, а тоа ќе го забележите ако лисјата му жолтат, тогаш едноставно, преместете го. Се залева по потреба, а од суштинско значење е почвата да не е сува. Во лето се залева почесто и во поголеми количини, а во зима помалку и со повремени прскања на листовите.

2. Фикусот е собно растение препознатливо по своите големи зелени листови. Тоа потекнува од тропските региони на Азија и постојат многу варијанти на ова растение. Од суштинско значење за одржување се две работи. Треба да се обезбеди доволно топлина и влага. Минималната температура не треба да биде под 10 степени, но затоа со доволно вода е многу издржлив на високи температури. Фикусот сака да биде ви полусенка, ако е можно поставете го на источниот или западниот прозорец. Поместувајте го колку што е можно помалку и ако го чувате подалеку од клима-уредот или радијаторот, ќе имате растение, кое ќе живее долго време.

3. Dracaena Мarginata е домашно растение со потекло од Мадагаскар. Родот Dracena вклучува околу 40 видови дрвца. Marginata е ниско дрво што расте полека, а може да достигне висина од околу 2 и пол метри. Едно е од растенијата кое најдобро го поднесуваат нередовното залевање со вода, а добро ги поднесува високите и ниските температури.

4. Јапонското (пари) дрво Krasula, е отпорно растение, кое може долго да трае. Во Кина, се верува дека ова растение има улога на привлекување на пари, а филозофијата на фенг шуи вели дека ќе имате многу пари ако местото на растението е некаде во близина на влезната врата на вашиот дом. Красулата цвета со ситни бели цветови во зима, а може да достигне висина до 3 метри. Во зима, може да ја залевате на секои две недели, а во текот на летото почесто.