Сте ја приметиле ли: За што служи точката на копчето со бројот 5 на далечинскиот управувач или тастатурата

ИЗВОРНов Лист
|

Ако погледнете на нумеричката тастатура на вашиот лаптопот или далечинскиот управувач за телевизорот, ќе забележите дека на копчето со бројот 5 има мала испакнатина во форма на точка, две точки или цртички. Веројатно повеќето од вас никогаш не помислиле дека тоа има особена причина. но така е.

Оваа ознака има за цел да им помогне на лицата со хедикеп и оштетен вид полсено да ракуваат со далечинскиот управувач или нумеричките тастатури на лаптотпите и мобилните телефони.

Точката на бројот 5 на лицата со оштетен вид им служи како тактилен ориентир, со чија помош можат да одредат каде се наоѓаат другите копчиња на далечинскиот управувач.

Ознаката на копчето со бројот 5 може да им помогне и на лицата со нормален вид, да го користат далечинскиот управувач или тастатурата, без да погледнат во нив или кога гледаат телевизија во темница.