Александра Пријовиќ е една од многуте ѕвезди на српската естрада која за само седум години, колку што помина откако за прв пат се појави во емисијата „Ѕвездите на Гранд“, од пејачка во локални ресторани и ромски веселби-стана една од најплатените.
Кариерата ја започна како девојче. Од 13 години сними две песни и потоа почна да настапува на разни панаѓури под шатори, но дури со натпреварот во „Гранд“ излезе од анонимноста, пишува „Курир.рс“.
Како што го градела естрадниот пат, се менувала и таа. Внимателно ги штедела парите од настапите, и кога собрала малку повеќе пари, почнала да вложува во својот изглед. Естетскиот хирург ѝ стана најдобар пријател, па сега во споредба со почетоците на кариерата, таа е речиси непрепознатлива. Нема ништо што потсетува на девојчето кое од местото Бели Манастир додје во Белград да ја освои естрадата.
А со обидите да го освои пејачкиот трон, таa го освои и Филип Живојиновиќ, синот нa Боба Живојиновиќ, сопругот на Лепа Брена, еден од наследниците на „Гранд продукција“.
Пред да ѝ стане снаа на Лепа Брена, таа физички многу се промени. Стави силикони во градите, ги зголеми усните, го намали носот, стави нови заби и ги истетовира веѓите, ги корегираше ушите. На неа тоа ѝ се исплатеше, па многу фанови се воодушевени од нејзиниот изглед. И сега, кога има некој килограм повеќе по породувањето, таа постојано добива комплименти.