Стефан Живојиновиќ, синот на Лепа Брена, наполни 27 години, а својот роденден го прослави за невообичено место за оваа прилика.
Имено, Стефан со својот татко Боба, синоќа отишол во еден белградски хипермаркет како би купиле потребни намирници за дома. Во тек на купувањето, дошло полноќ, па младиот пејач и миленикот на дамите, роденденот го дочекал меѓу рафтовите.
После тоа тој и Боба се упатиле во семејниот дом, каде бил остатокот од семејството Живојиновиќ. Тие веднаш го изгушкале Стефан, му честитале и му посакале најубави желби.
Стефан откако се појави на сцената, се повеќе станува популарен и има фанови.
Така деновиве на вратата од својот стан, Живојиновиќ добил изненадување од своја обожавателка.
Имено, Стефан брзал на снимање на една емисија, а пред вратата од неговиот стан нашол долна облека.
„Не знаеше што да прави со тоа, а потоа виде порака со број од мобилен телефон, без потпис. Тој е навикнат да добива подароци. Се случуваа такви работи и пред да стане популарен меѓу фановите. Меѓутоа, не добивал ваков вид на подароци“ вели извор близок на пејачот и додава:
„Тој сфати дека неговите фанови дознале каде живее, а меѓу нив може да има посесивни. Свесен е дека некој го следи, а тоа не е пријатно“ раскажува изворот.
За потсетување, Живојиновиќ неодамна ја издаде песната „Од вечери до јутра“.