Стево Пендаровски: Јас сум љубоморен сопруг

ИЗВОРСкопје24
|

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри детали од приватниот живот, а одговараше и на интересни прашања поврзани со неговите колеги политичари, па така имавме можност да дознаеме дека по природа е љубоморен сопруг, не носи скапи и ексклузивни одела од познати дизајнери, Коце Трајанов му бил сосед.

На прашањето кога би имал само една гума за спасување во бура на море кој би спасил од Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски ја избра четвртата солуција притоа објаснувајќи дека би го спасил министерот за внатрешни работи само затоа што е најмлад.

Откако почнав да се занимавам со политика, преку ноќ им станав поубав на девојките, сподели кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и останати партии, Стево Пендаровски.

Тој во гостувањето на емисијата “Еден на еден”, одговараше на неполитички прашања поврзани со приватниот живот.

– Во 1996 година за првпат се појавив на државната телевизија, тогаш и немаше многу приватни. Тоа беа почетоците кога влегував во политичкиот живот. За жал, тогаш нагло станав популарен кај девојките – одговори Пендаровски на прашања поврзани со неговата младост.